ПРВ.мк
Култура

СЕЌАВАЊЕ НА ПОЗНАТИОТ ВЕЛЕШАНЕЦ: 18 години без него – гласот со кој израснаа генерации!

СЕЌАВАЊЕ НА ПОЗНАТИОТ ВЕЛЕШАНЕЦ: 18 години без него – гласот со кој израснаа генерации!
Kristal

Борис Мајсторов е роден на 17 декември 1935 година во Велес и остана запаметен како еден од најзначајните македонски актери, драматурзи и режисери. Основното и средното образование ги завршил во родниот град, по што заминал во Белград каде првично се запишал на студии по стоматологија. Сепак, брзо ја напуштил оваа насока и се вратил во Скопје, каде започнал студии на Правниот факултет.

Целиот свој професионален живот го посветил на Македонското радио, каде создаде препознатливи и антологиски ликови во емисиите „Дедо Аврам“, „Сто и една приказна“, како и во режисерската реализација на „Глас од татковината“. За својот придонес во културата и уметноста беше добитник на бројни значајни награди, а неговата повеќедецениска кариера, која траеше околу 50 години, го вброи меѓу врвните уметници во својата област.

Во Македонското радио зад себе остави богата фонотека од радио-драми, раскази, поетски интерпретации и хумористични содржини. На Македонската телевизија, пак, неговиот глас оживеа многубројни анимирани јунаци, со што остави силен печат и во детската програма.

Борис Мајсторов почина на 17 јануари 2008 година во Скопје, оставајќи зад себе богато и трајно културно наследство.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo