ПРВ.мк
Култура

Министерот Љутков од Пустец: Македонците во Албанија се жив доказ за истрајноста на нашиот идентитет

Министерот Љутков од Пустец: Македонците во Албанија се жив доказ за истрајноста на нашиот идентитет
Escape

Министерот за култура Зоран Љутков заедно со премиерот Христијан Мицкоски денес присуствуваше на свеченото отворање на „Македонскиот фолклорен фестивал Преспа“, кој се одржа во Пустец, Албанија – место каде што пулсира срцето на македонската заедница надвор од татковината.

Посетата започна со обиколка на црквата „Св. Архангел Михаил“, каде министерот и премиерот со свеќа и молитва оддадоа духовна почит, симболично нагласувајќи ја важноста на верските и културните корени на нашиот народ.

На плоштадот „Гоце Делчев“ беа пречекани со искрени зборови на благодарност од градоначалникот Пали Колевски и претставници на локалната македонска заедница, меѓу кои и Едмонд Темелко. Настанот продолжи со настап на актерот Петар Темелковски, кој преку монодрама долови длабоки национални емоции, како и со изведби на македонски фолклорни групи облечени во традиционални носии од сите краишта на Македонија.

„Овој ден не беше само културен настан, туку израз на љубов, истрајност и национално достоинство. Јазикот, верата и традицијата се она што не обединува – и покрај сите граници,“ истакна министерот Љутков во својата објава.

Со оваа посета, Министерството за култура уште еднаш потврдува дека Македонците надвор од државата не се заборавени. Напротив – тие се важен дел од нашето национално ткиво и силата што го чува македонскиот идентитет и надвор од границите.

Mia Home Mavrovo