ПРВ.мк
Македонија

ПЕКОЛ ПРОДОЛЖУВА! Температурите ќе достигнат до 39 степени, можен дожд само во овие делови

ПЕКОЛ ПРОДОЛЖУВА! Температурите ќе достигнат до 39 степени, можен дожд само во овие делови

И денеска Македонија ја очекува претежно сончево и многу топло време, со температури кои во најтоплите региони ќе се искачат и до 38 степени. Иако во поголемиот дел од денот ќе преовладува стабилно време, попладне во планинските предели се можни краткотрајни врнежи од дожд, проследени со грмежи и засилен ветер.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а утринските температури ќе се движат меѓу 12 и 20 степени. Во главниот град се очекува сончево време со мала облачност, додека максималната дневна температура ќе достигне околу 38 степени.

Според прогнозите, топлотниот бран нема наскоро да попушти. До средината на следната седмица земјата ќе остане под влијание на многу топла воздушна маса, што ќе донесе сончево време и температури над 30 степени низ целата држава. На одделни места живата во термометарот може да достигне и до 39 степени.

Освен преку ден, високите температури ќе се задржат и во текот на ноќта, што ќе придонесе за дополнително чувство на жештина, особено во урбаните средини.