ПРВ.мк
Црна Хроника

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА КАЈ ПЛЕТВАР - Едно лице го загуби животот, сообраќајот во целосен прекин

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА КАЈ ПЛЕТВАР - Едно лице го загуби животот, сообраќајот во целосен прекин

Тешка сообраќајна несреќа со смртни последици се случи доцна синоќа на превојот Плетвар, каде едно лице го загуби животот по превртување на камион со битолски регистарски таблички.

Според првичните информации, несреќата се случила на патниот правец Прилеп–Градско, во близина на селото Ореовец. На местото веднаш интервенирале итните служби, а од Итната медицинска помош од Битола било потврдено дека едно лице починало како последица на несреќата.

Поради сериозноста на инцидентот, сообраќајот на оваа делница бил целосно во прекин неколку часа, додека надлежните служби вршеле увид и го расчистувале теренот.

Причините за несреќата засега не се официјално соопштени, а истрагата треба да утврди како дошло до превртувањето на камионот и околностите што довеле до трагичниот исход.