ПРВ.мк
Култура

Министерот Љутков ја промовира монографијата „Магични македонски знаменитости“

Министерот Љутков ја промовира монографијата „Магични македонски знаменитости“

Министерот за култура и туризам денес ја промовира монографијата „Магични македонски знаменитости“ – двојазично издание кое ја претставува Македонија во целата нејзина убавина.

Во книгата се опфатени археолошки локалитети, национални паркови, урбани дестинации, духовни светилишта, винари и рекреативни простори. Министерот потенцира дека ова издание е повеќе од визуелна разгледница – тоа е покана повторно да се вљубиме во сопствената земја и инспирација за сите кои допрва ќе ја откријат.

Искрена благодарност беше изразена до авторот Иво Јанкоски и издавачката куќа „Трето уво“ за вложениот труд и посветеност.

Escape