ПРВ.мк
Култура

Љутков ја зајакнува соработката со Турција во културата и туризмот

Љутков ја зајакнува соработката со Турција во културата и туризмот

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска оствари значајна средба со Амбасадорот на Република Турција, Н.Е. Фатих Улусој, кој беше придружуван од советници за образование, култура и информации, како и од координаторот на Институтот „Јунус Емре“ во Скопје.

На состанокот се разговараше за продлабочување на соработката меѓу двете земји во областа на културата и туризмот, со посебен акцент на заеднички проекти, културна размена и можности за развој на туризмот.

Министерот Љутков истакна дека ваквите активности отвораат нови перспективи за јакнење на пријателските односи и создавање значајни можности за промоција на македонската култура и туристички потенцијал на меѓународно ниво.

Escape