ПРВ.мк
Култура

Љутков ја предводи Националната комисија за УНЕСКО: Охридскиот регион ќе биде зачуван за идните генерации

Љутков ја предводи Националната комисија за УНЕСКО: Охридскиот регион ќе биде зачуван за идните генерации

Министерот за култура, Зоран Љутков, денес ја свика седницата на Националната комисија за УНЕСКО во Охрид со јасна цел – да ја потврди решеноста на институциите во Македонија за заштита на Охридскиот регион како светско културно и природно наследство.

На 47. сесија на Комитетот за светско наследство во Париз, Македонија и Албанија добија дополнителен рок од една година за спроведување на корективните мерки. Министерот нагласи дека овој период не претставува одложување, туку обврска за забрзана акција со цел да се покаже видлив напредок.

Заклучоците од денешната седница предвидуваат интензивирање на соработката и координацијата со Албанија на највисоко и експертско ниво, спроведување на усвоените заклучоци од Владата од јули 2025, реализација на конкретни активности за исполнување на препораките на УНЕСКО, засилување на меѓуинституционалната соработка и итен мониторинг на мерките содржани во Стратегискиот план за рехабилитација на светското наследство на Охридскиот регион.

Љутков потенцираше дека Охрид е национална гордост и обврска за сите институции и локални заедници и дека само со обединета акција ќе се обезбеди зачувување на ова богатство за идните генерации.

Escape