ПРВ.мк
Црна Хроника

Малолетници крвнички претепале 42-годишен скопјанец во Аеродром

Малолетници крвнички претепале 42-годишен скопјанец во Аеродром

42-годишен маж од Скопје завршил со повреди откако бил нападнат од група малолетници во општина Аеродром. Според информациите од полицијата, тој инцидентот го пријавил вчера во 20:00 часот во СВР Скопје, а нападот се случил ден претходно околу 17:45 часот.

Мажот со иницијали М.Ј. пријавил дека бил физички нападнат од неколку малолетници и притоа се здобил со телесни повреди. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и идентификување на напаѓачите.

Escape