ПРВ.мк
Свет

„Суптилна“ порака до Путин: Украински специјалци тешко го ранија генерал Абачев во Курск

„Суптилна“ порака до Путин: Украински специјалци тешко го ранија генерал Абачев во Курск

Украинските Сили за специјални операции објавија видео и детали од операцијата во која беше тешко ранет рускиот генерал-полковник Еседула Абачев, заменик-командант на руската воена група „Север“. Нападот се случил ноќта меѓу 16 и 17 август, длабоко на руска територија – на само пет километри од градот Риљск, во Курската област. Целта било возилото во кое патувал генералoт.

Според украинските извори, Абачев веднаш бил префрлен во Москва, каде што поради сериозноста на повредите наводно му биле ампутирани раката и ногата.

Во соопштението на специјалците се потсетува дека украинското обвинителство веќе во 2023 година поднесе обвинение против Абачев за воени злосторства. Првично за нападот информираше украинската воена разузнавачка служба, која тврдеше дека бил погоден руски конвој на автопатот Риљск–Хомутовка.

Кој е Абачев?

Еседула Абачев е долгогодишен офицер на руската армија и ветеран на речиси сите конфликти што Москва ги водеше во последните три децении. Според порталот evocation.info, тој дипломирал на Високата школа за тенковска команда во Харков во 1989 година, а потоа учествувал во:

  • ерменско-азербејџанскиот конфликт,
  • Втората чеченска војна,
  • руската инвазија на Грузија (2008),
  • сириската кампања.

За секоја од овие операции, во кои имало бројни цивилни жртви, Абачев бил одликуван од Владимир Путин со Орден за храброст. Од 2022 година ја водел командата на Вториот армиски корпус на таканаречената „Луганска Народна Република“, каде што Украина го поврзува со масовни злосторства врз цивилното население во Лисичанск.

Нападот врз Абачев, кој украинските медиуми го нарекуваат „крвав генерал“, се толкува како директна порака до Кремљ – дека дури и високите офицери не се безбедни, дури ни длабоко на руска територија.

Escape