ПРВ.мк
Свет

Трамп доби зелено светло: Судот му овозможи депортација на 60.000 мигранти од Централна Америка и Непал

Трамп доби зелено светло: Судот му овозможи депортација на 60.000 мигранти од Централна Америка и Непал

Апелацискиот суд во САД донесе контроверзна одлука со која му овозможи на Доналд Трамп да ја укине привремената заштита за десетици илјади мигранти. Со оваа наредба, над 60.000 лица од Никарагва, Хондурас и Непал ризикуваат депортација и губење на работните дозволи.

Заштитата за Непалците веќе е укината, а за државјаните на Хондурас и Никарагва завршува на 8 септември. Судиите кои ја потпишаа одлуката не дадоа правно образложение, што предизвика лавина реакции и критики.

Министерството за внатрешна безбедност ја оправдува мерката со тврдење дека со тоа се враќа интегритетот на имиграцискиот систем. Но, правни експерти ја сметаат одлуката за опасен преседан, предупредувајќи дека е донесена без доволно аргументи и дека ја зајакнува моќта на администрацијата.

Интересно е што пред само еден месец, окружниот судија Трина Л. Томпсон ја блокираше ваквата политика, наведувајќи дека мотивите на владата биле обојени со „расна нетрпеливост“.

Овој пресврт отвора нова етапа во битката за имиграциската политика во САД, која повторно се најде во центарот на американската јавност.

Escape