ПРВ.мк
Свет

Тајна база на Северна Кореја откриена – нуклеарната закана станува реалност

Тајна база на Северна Кореја откриена – нуклеарната закана станува реалност

Северна Кореја изградиле нова тајна воена база „Синпунг-донг“, сместена само 27 километри од границата со Кина, каде што според истражување на Центарот за стратешки и меѓународни студии (CSIS) се наоѓаат најсовремените интерконтинентални балистички ракети на режимот на Ким Јонг-ун.

Во базата, која не била пријавена во меѓународни преговори, може да има меѓу шест и девет ракети со нуклеарни боеви глави и нивни лансери. Ова ја засилува заканата не само за Источна Азија, туку и за континенталниот дел на САД, предупредуваат аналитичарите.

По неуспешниот самит со Доналд Трамп во 2019 година, Ким го забрза развојот на нуклеарната програма и нареди „брза експанзија“ на капацитетите за одвраќање и удар. CSIS нагласува дека ваквите бази се дел од стратегијата на Пјонгјанг за прикриени и мобилни ракетни операции.

Дополнително, од почетокот на војната во Украина, Северна Кореја ги зајакна врските со Русија, испраќајќи над 10.000 војници, како и артилериски и ракетни системи во Курската област. За возврат, Москва ѝ нуди напредни технологии за сателитски и вселенски програми, пренесува „Гардијан“.

Escape