ПРВ.мк
Култура

Љутков ја посети канцеларијата во Струга, нов дел од Министерството за култура и туризам

Љутков ја посети канцеларијата во Струга, нов дел од Министерството за култура и туризам

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денес ја посети канцеларијата во Струга, која по преземањето на надлежностите на поранешната Агенција за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) сега е дел од Министерството. Таму тој се запозна со тимот кој работи на субвенционирање на странскиот организиран туристички промет – една од најважните алатки за привлекување поголем број странски гости во земјава.

Љутков нагласи дека ова одделение има клучна улога во поттикнувањето на развојот на туризмот, преку поддршка на странските туристички агенции и тур-оператори, со цел Македонија да се промовира како атрактивна и конкурентна туристичка дестинација.

„Верувам дека интеграцијата на поранешната Агенција за туризам во Министерството ќе обезбеди поефикасно управување со туристичките политики и подобра координација со сите чинители во секторот,“ истакна министерот.

Escape