ПРВ.мк
Култура

Љутков потпиша историски Меморандум за соработка со Германскиот археолошки институт

Љутков потпиша историски Меморандум за соработка со Германскиот археолошки институт

Министерот за култура, Зоран Љутков, денеска на археолошкиот локалитет Скупи, заедно со д-р Лукас Вертер од Римско-германската комисија, го потпиша Меморандумот за соработка со Германскиот археолошки институт – престижна меѓународна институција со долгогодишна традиција под надлежност на Федералното министерство за надворешни работи на Германија.

Оваа соработка отвора нови перспективи за македонските музеи и научни установи, кои ќе имаат можност за заеднички истражувања, размена на искуства и примена на најсовремени методологии. Љутков потенцираше дека археологијата претставува живо наследство и мост меѓу минатото, сегашноста и иднината, а ова партнерство не само што ќе го унапреди научното истражување, туку ќе го зајакне и културниот туризам, претворајќи ги археолошките локалитети во вистински амбасадори на македонската историја пред светот.

Дополнително, беше потпишан и договор меѓу Музејот на град Скопје и Римско-германската комисија – прв конкретен чекор кон реализација на оваа долгорочна и значајна соработка. Министерот изрази увереност дека ова е почеток на ново поглавје кое ќе донесе силни резултати и уште поголема меѓународна афирмација на македонското културно наследство.

Escape