ПРВ.мк
Економија

УБАВА ВЕСТ: Власта изврши исплата за оваа група граѓани – проверете ги сметките!

УБАВА ВЕСТ: Власта изврши исплата  за оваа група граѓани – проверете ги сметките!
Kristal

Министерството за социјална политика, демографија и млади соопшти дека денеска, 6 февруари 2026 година, започна исплатата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита за месец јануари 2026 година.

Корисниците кои располагаат со дебитна картичка средствата можат да ги користат веднаш – преку подигнување готовина од банкоматите, безготовинско плаќање во трговската мрежа, како и преку електронско и мобилно банкарство.

Воедно, и граѓаните кои не користат платежни картички од денеска можат да ги подигнат своите средства директно на шалтерите во сите отворени филијали и експозитури на банките.

Од Министерството потсетуваат дека исплатата се реализира континуирано и апелираат корисниците да ги користат достапните електронски услуги со цел да се избегне непотребна гужва.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo