Биткоинот, етериумот и повеќе други криптовалути забележаа силен раст откако американскиот претседател Доналд Трамп го повика Конгресот да го усвои „Clarity Act“, закон кој треба да донесе појасна и поповолна регулаторна рамка за криптоиндустријата.
Дополнителен оптимизам меѓу инвеститорите предизвикаа изјавите на Трамп за поддршка на секторот и најавите поврзани со купување поголеми количини биткоин.
Силно реагираше и токенот Hyperliquid, кој за 24 часа порасна за околу 20 проценти, откако Трамп се осврна на можноста за регулирање на истоимената децентрализирана берза.
На растот влијаеше и падот на приносите на американските државни обврзници, што ја зголеми привлечноста на поризичните средства. Истовремено, тргувањето со iShares Bitcoin Trust ETF било повеќе од 4,5 пати над 30-дневниот просек.
Етериумот за седум дена поскапе за околу 19 проценти и достигна 2.251 долар, негово највисоко ниво во последните три месеци.
Според Џефри Кендрик од Standard Chartered, инвеститорите треба да ја земат предвид и можноста биткоинот до крајот на 2026 година да достигне цена од 100.000 долари.









