ПРВ.мк
Економија

Нова бројка за платите во Македонија – еве колку изнесува просекот на стартот од годината

Нова бројка за платите во Македонија – еве колку изнесува просекот на стартот од годината
Kristal

Просечната нето-плата по вработен во јануари 2026 година достигнала 46.617 денари, што претставува раст од 8,3 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Според објавените бројки, растот најмногу се должи на повисоките примања во неколку сектори, при што најизразено зголемување е забележано кај административните и помошните услужни дејности, трговијата на големо и мало, како и во преработувачката индустрија.

Од друга страна, во споредба со претходниот месец, пад на просечната нето-плата е регистриран во транспортот и складирањето, градежништвото, како и во финансиските дејности и осигурувањето.

Во меѓувреме, просечната бруто-плата по вработен во јануари изнесувала 70.066 денари.

Новите статистички податоци покажуваат дека трендот на раст на платите продолжува и на почетокот на 2026 година, иако движењата не се исти во сите дејности.

🔽 ОД ДЕНЕС СЛУШАЈ ЈА ТВОЈАТА ОМИЛЕНА РАДИО СТАНИЦА НА ПРВ.МК 🔽

https://prv.mk/radio
https://prv.mk/radio
SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape