ПРВ.мк
Економија

ЛИДЛ ЌЕ ГИ ИЗВЕЗУВА МАКЕДОНСКИТЕ ПРОИЗВОДИ: Земјоделците добиваат шанса за милионски извоз

ЛИДЛ ЌЕ ГИ ИЗВЕЗУВА МАКЕДОНСКИТЕ ПРОИЗВОДИ: Земјоделците добиваат шанса за милионски извоз

Во рамки на соработка меѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и компанијата Лидл, денеска се одржа состанок со македонски земјоделски производители, кооперанти и претставници на земјоделски здруженија, со цел да се промовираат квалитетни македонски производи и нивниот извоз.

Министерот Цветан Трипуновски истакна дека соработката со Лидл може да отвори нови пазари и да ја промовира македонската земјоделска продукција ширум регионот и Европа.

Претставниците на Лидл нагласија дека соработуваат само со партнери кои ги исполнуваат највисоките меѓународни стандарди, како „GLOBALG.A.P.“, „GRASP“ и „IFS“, кои гарантираат безбедност, квалитет и социјална одговорност.

– Квалитетот е основа на нашата работа, а со локалните производители сакаме долгорочни односи базирани на доверба и транспарентност – рече Стефан Георгиев, комерцијален директор на Лидл Северна Македонија.

Дополнителните критериуми вклучуваат соодветна испорака, амбалажа, пакување и редовни анализи на пестициди, со цел континуитет и сигурност во квалитетот.

Во 2024 година извозот на македонски производи преку Лидл достигна околу 5 милиони евра, а за 2025 година се очекува двојно зголемување. Овој потег ја потврдува заложбата на Лидл да ги поддржи македонските земјоделци во модернизацијата, сертификацијата и развојот на конкурентни производи за европскиот пазар.

Escape