ПРВ.мк
Економија

Инфлацијата повторно расте – граѓаните плаќаат сè повеќе за основни производи!

Инфлацијата повторно расте – граѓаните плаќаат сè повеќе за основни производи!
Kristal

Инфлацијата во октомври достигна 4,5% на годишно ниво, а цените на мало пораснаа за 2,8%, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Најмногу поскапеле храната (+7%), алкохолот и тутунот (+6,7%) и мебелот за домаќинството (+4,7%).

Се пресметало дека за основни потреби на граѓаните сега им се потребни околу 4.500 денари повеќе. 

Премиерот Мицкоски уверува дека годината ќе заврши со инфлација меѓу 3,5 и 4%, додека Народната банка ја проектира на 3,9%.

Escape