ПРВ.мк
Економија

ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИСКА ЕКСПАНЗИЈА! Компанија најави нови работни места и развој на економијата - Ова се деталите

ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИСКА ЕКСПАНЗИЈА! Компанија најави нови работни места и развој на економијата - Ова се деталите

Лидл Северна Македонија ја засилува својата долгорочна стратегија со нови инвестиции, кампања за вработување и поддршка на домашната економија. Компанијата моментално обезбедува работа за повеќе од 400 лица, а преку кампањата „Добра игра. Фер плеј“ охрабрува нови кандидати да станат дел од тим кој се темели на фер однос, транспарентност и професионалност.

Фокусот е ставен на логистичкиот центар во Куманово – најголем на Балканот – кој овозможува секојдневна дистрибуција на свежи производи низ целата земја. Лидл досега инвестираше над 200 милиони евра во современа инфраструктура, а плановите вклучуваат отворање нови маркети и создавање дополнителни работни места.

Особено значајно е што компанијата активно соработува со македонски производители, овозможувајќи им пристап до европските пазари. Само во 2025 година, извозот преку мрежата на Лидл достигна 15,5 милиони евра – конкретен придонес кон домашното производство и извозниот потенцијал.

Со јасна визија за долгорочен развој, Лидл останува посветен на градење стабилна економија, поддршка на локалните компании и обезбедување квалитетни производи по пристапни цени за потрошувачите.