ПРВ.мк
Економија

НОВ ЦЕНОВЕН ШОК: Од полноќ поскапуваат сите горива во Македонија!

НОВ ЦЕНОВЕН ШОК: Од полноќ поскапуваат сите горива во Македонија!

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за ново поскапување на горивата, кое стапува на сила од полноќ.

Според новиот ценовник, цената на ЕУРОСУПЕР-95 се зголемува за 1,50 денари по литар и од утре ќе се продава по 87,50 денари.

Уште поголемо поскапување има кај ЕУРОСУПЕР-98, чија цена се зголемува за 2 денари, па еден литар ќе чини 90 денари.

Нагоре оди и цената на дизел горивото, но со помало зголемување од 0,50 денари. Така, новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ ќе изнесува 87,50 денари за литар.

Со ова, цената на дизелот се изедначува со онаа на ЕУРОСУПЕР-95, што е ретка ситуација на домашниот пазар на горива.

Новите цени ќе важат од вечерва на полноќ и ќе останат на сила до следната пресметка на Регулаторната комисија за енергетика.