ПРВ.мк
Економија

ПАНИКА ВО БЕРЛИН: Паѓа економскиот столб на Европа – Германците ги „сечат“ прогнозите!

ПАНИКА ВО БЕРЛИН: Паѓа економскиот столб на Европа – Германците ги „сечат“ прогнозите!

Европскиот економски џин е на колена! Германија, која со децении беше локомотива на Стариот континент, официјално призна дека влегува во зона на опасна неизвесност. Германската влада штотуку ја шокираше јавноста со двојно намалување на прогнозата за раст за 2026 година – од скромни 1%, очекувањата паднаа на критични 0,5 проценти.

Главниот виновник за овој економски земјотрес е новиот енергетски хаос предизвикан од конфликтот со Иран. Цените на нафтата и гасот повторно дивеат, а последиците веќе се чувствуваат низ целата индустрија. Иако Бундесбанк се обидува да ја смири јавноста дека формална рецесија можеби ќе се избегне, признанието дека конфликтот на Блискиот Исток веќе го „јаде“ растот, ги пали алармите кај инвеститорите.

Но, тоа не е најлошото. Новите податоци откриваат дека инфлацијата повторно се оттргнува од контрола. Наместо посакуваните 2%, Германија сега предвидува раст на трошоците од 2,7% во 2026 и дури 2,8% во 2027 година. Ова е директен удар врз џебот на граѓаните и потрошувачката моќ.

Додека Европската централна банка тактизира и се плаши од нагли потези, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) веќе предупредува: стагнацијата станува „нова нормалност“. Високите трошоци за енергија и падот на конкурентноста не се веќе само минлив проблем, туку сериозна закана за иднината.

Наместо брзо закрепнување, Европа сега се соочува со најреалното, но и најмрачно сценарио: долготрајна економска слабост, скапа енергија и нестабилност на која не и се гледа крајот. Дали Германија ќе успее да се извлече или овој пад ќе ја повлече цела ЕУ во бездна? Ситуацијата е критична!

Најнови вести