ПРВ.мк
Црна Хроника

Заврши неизвесноста: Откриено како е идентификуван Стивен Ивановски по пожарот во Швајцарија

Заврши неизвесноста: Откриено како е идентификуван Стивен Ивановски по пожарот во Швајцарија
Kristal

Трагичната судбина на младиот Стивен Ивановски, кој се водеше за исчезнат по катастрофалниот пожар во Кран-Монтана, Швајцарија, е официјално потврдена. Неговото тело е идентификувано преку ДНК анализа, со што заврши неизвесноста што со денови ја следеше неговата фамилија и јавноста.

Информацијата за МИА ја потврдија и од македонската Влада, посочувајќи дека потврдата пристигнала од надлежните институции во Берн.

„За жал, добиена е официјална потврда дека станува збор за починато лице. Идентификацијата е извршена преку ДНК, а член од семејството го потврдил идентитетот. Изразуваме длабоко жалење и искрено сочувство до најблиските“, соопштија од Владата.

Ивановски исчезна по пожарот што избувна во ноќен клуб во Кран-Монтана, по што неговото семејство преку социјалните мрежи апелираше за помош и информации за неговото пронаоѓање.

Според податоците на швајцарските медиуми, во пожарот животот го загубија најмалку 40 лица, додека повеќе од 100 се повредени, дел од нив со тешки изгореници. Република Северна Македонија веќе понуди помош за лекување на дел од повредените.

Овој настан ја потресе јавноста во регионот и пошироко, а истрагата за причините за пожарот сè уште е во тек.

FixCredit
Escape