ПРВ.мк
Црна Хроника

ПОЛИЦИСКА ПОТЕРА ВО ВЕЛЕС: Возач избегал од контрола во Превалец, сопатник фрлил марихуана низ прозорец

ПОЛИЦИСКА ПОТЕРА ВО ВЕЛЕС: Возач избегал од контрола во Превалец, сопатник фрлил марихуана низ прозорец

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на возач кој избегал од полициска контрола во населбата Превалец во Велес, при што еден од сопатниците фрлил марихуана низ прозорецот на возилото.

Настанот се случил на 17 ноември, околу 12:30 часот, кога полициски службеници од СВР Велес дале знак за запирање на патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки.

Наместо да застане, возачот продолжил да се движи, а откако возилото запрело, лицата што се наоѓале во него се дале во бегство.

Според информациите, при обидот за полициска контрола еден од сопатниците фрлил марихуана низ прозорецот.

По преземените мерки, полицијата успеала да ги пронајде двајцата сопатници – 15-годишен малолетник и Т.М. (18), двајцата од Велес.

Осумнаесетгодишниот велешанец бил лишен од слобода, додека со малолетникот бил извршен службен разговор во присуство на родител.

За случајот бил известен јавен обвинител.

Полицијата и понатаму трага по возачот на автомобилот, а по целосното расчистување и документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.