Полициски службеници од СВР Скопје на подрачје на Бит пазар во четвртокот го лишиле од слобода 53-годишнио Б.Д. од Скопје.
Како што извести Министерсвото за внатрешни работи, при постапување по претходно изготвен план, на импровизирана тезга на Бит пазар, пронајдени и одземени се околу 10.000 парчиња разновидни пиротехнички средства, наменети за продажба.
По консултација со надлежен јавен обвинител, лицето е задржано за понатамошна постапка и по комплетирање на целокупната документација ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје.
