Едно лице загина во експлозија на плинска боца која се случила во семејна куќа во Куманово, информираа вечерва од СВР Куманово.
Според полицијата, инцидентот бил пријавен во 20:23 часот, кога експлозијата предизвикала пожар во куќа на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово.
При експлозијата, животот го загубил сопственикот на куќата, Л.Д. (60) од Куманово. Смртта ја констатирал лекар, а увидот на местото на настанот продолжува, соопштија од СВР Куманово.