Пејачката Тијана Дапчевиќ ја откри моменталната состојба на музичарот
Жртвите од пожарот во Кочани беа погребани денеска, а целиот регион остана во солзи.
За време на концертот на групата ДНК се случи голем пожар, во кој загинаа 59 лица. Страшни сцени го обиколија светот, а меѓу оние кои успеаја да се спасат имаше и 170 лица кои се здобија со полесни и тешки повреди. Беше дадена помош на многу луѓе во европските земји.
Владимир Блажев Панчо беше префрлен во скопската клиника Систина каде е поставен на интезивна нега, по пожарот кој изби во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде што тој настапуваше со бендот.
Претходно беше објавено дека тој има изгореници на лицето и на раката и е на кислородна поддршка, но е свесен.
Пејачката Тијана Дапчевиќ ја откри моменталната состојба на музичарот, пренесува српски Ало.
– Владимир Блажев Панчо е надвор од животна опасност фала Богу и последната информација што ја добив е дека се опоравува. Се уште е критично, но се опоравува – потврди Дапчевиќ, пренесува Ало.
Потсетуваме, трагедијата во Кочани што ја зави цела Македонија во црно се случи ноќта помеѓу 15 и 16 март околу 03.00 часот наутро.
Трагедијата се случи на концертот на ДНК, кога пиротехниката го зафати и запали кровот, по што пожарот се прошири за само неколку минути, а од досегашната истрага, местото имало само една отворена врата.
Покрај Андреј кој загина на лице место во пожарот, и тоа откако се вратил за да им помогне на другите, згасна животот на уште седум млади музичари од групата ДНК. Меѓу настраданите лица од пожарот се и тапанарот Ѓорѓи Горгиев, клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, фотографот Александар Ефремов, придружниот вокал Сара Пројковска, тон-мајсторот Игор Велков и битбоксерот Мартин Атанасовски кој исто така беше дел од ДНК.
Во страшната несреќа загинаа најмалку 59 лица, а повредени се речиси 200 кои моментално се наоѓаат на лекување во болници.