ПРВ.мк

На Битолскиот универзитет се одржа обука за интервенција во криза во услови на колективна траума

На Битолскиот универзитет се одржа обука за интервенција во криза во услови на колективна траума
VERO Banner

Професорките од Психолошкото советувалиште на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, д-р Драгана Батиќ и д-р Гордана Ристевска Димитровска, денеска одржаа обука за интервенција во криза, со акцент на колективната траума предизвикана од пожарот во Кочани, при кој животот го загубија 59 млади луѓе, а околу 200 беа повредени.

Обуката беше насочена кон психолозите, педагозите и социјалните работници кои работат со луѓе во кризни ситуации, со посебен фокус на помошта за деца, адолесценти и студенти.

Професорката Гордана Ристевска Димитровска истакна дека е неопходно да се обезбеди психосоцијална помош и да се развијат интервенции кои ќе им помогнат на оние кои се засегнати од трагични настани. Професорката Драгана Батиќ пак, нагласи дека трагедијата во Кочани претставува колективна траума која ја погодува целата заедница и дека е важно да се изгради поддршка меѓу стручните лица за да се спречат понатамошни штети.

Психолошкото советувалиште на УКЛО е достапно за секој студент кој има потреба од помош и поддршка, како што беше истакнато на денешниот едукативен настан во Битола.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран