ПРВ.мк

„Најлош кошмар“ – Емина Јаховиќ скршена од трагедијата во Кочани (ФОТО)

„Најлош кошмар“ – Емина Јаховиќ скршена од трагедијата во Кочани (ФОТО)
VERO Banner

Македонија беше поголена од невидена трагедија кога во Кочани избувна пожар во клубот „Пулс“, при што животите ги загубија 59 лица, вклучувајќи и познати музичари кои настапуваа на 16 март.

Трагедијата предизвика големо вознемирување и многу јавни личности од регионот изразија сочувство и поддршка до семејствата на жртвите, како и до народот на Македонија. Една од нив е пејачката Емина Јаховиќ, која не може да го скрие шокот и болката поради несреќата.

„Драги мои, толку ми е тешко и силно ме потресе трагедијата во Македонија. Дури 24 часа по настанот реалноста ме погоди, останав без зборови и во шок. Се чувствувам како да сонувам и чекам некој да ме разбуди. Скршена сум“, напиша Јаховиќ на својот Инстаграм профил.

Таа, исто така, изрази сочувство до семејствата на загинатите:

„Нека почиваат во мир сите жртви, а Господ да им даде сила на нивните семејства да ја поднесат оваа голгота. Длабоко сочувствувам и се молам за сите нив“, изјави Емина Јаховиќ.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран