ПРВ.мк

Дневен хороскоп за сабота – 22 март

Дневен хороскоп за сабота – 22 март
VERO Banner

Овен

Денес, во фокус ќе бидат деловните соработници. Кога работниот ден ќе заврши, ќе уживате во хармонична атмосфера со партнерот. За слободните, денес може да се појави интересна личност во знакот на Вага. Бидете отворени во комуникацијата – никогаш не знаете што може да се случи.

Бик

Ако работите со странство или се занимавате со финансии, денес може да постигнете голем успех. Биковите кои се во врска или брак ќе уживаат во хармонија и стабилност која долго ја посакувале. Поминете повеќе време со партнерот и семејството, бидејќи ќе се чувствувате многу добро.

Близнаци

Ако сте аплицирале за нова работа, денес постои шанса да бидете вработени, но можеби не под идеалните услови. Слободните Близнаци денес може да запознаат фатална личност во знакот на Вага која веднаш ќе го привлече вашето внимание. На повидок е нова љубовна авантура.

Рак

Овој ден може да донесе гласини и интриги. Можеби ќе дознаете дека некој соработник ви работел зад грб. На љубовен план, денеска ќе имате романтичен и убав ден. Љубовта ќе ги раскине сите облаци и ќе ви донесе среќа.

Лав

Денес ќе имате важна средба или проширување на деловната соработка, особено со странски партнери. Ако сте во врска, може да се очекува дополнително зближување со партнерот. Слободните Лавови ќе сфатат дека се подготвени за ново поглавје во љубовта.

Девица

Девиците кои се креативни, денес може да постигнат голем успех. Вашата работа ќе биде забележана од важни луѓе. Пролетта носи нов бран на емоции, а оние кои се во брак ќе уживаат во топлината и хармонијата во домот.

Вага

Ако размислувате за промена на работа, денес е поволен ден за преговори. Слободните Ваги може да се впуштат во авантура со неодоливо привлечен Лав. Вагите кои се во врска може да се соочат со некои проблеми и недоразбирања со партнерот.

Скорпија

Денес може да добиете важни вести од деловните соработници. Постои можност да треба да го прилагодите планот на нови околности. На љубовен план, ве очекува бурна авантура со личност од знак Бик или Рак.

Стрелец

Ако сте незадоволни од вашата работа, денес е добар ден да започнете да се занимавате со менување на работното место, бидејќи планетите се на ваша страна. Во врска, вашиот партнер може да ви приреди убаво изненадување. Слободните Стрелци ги очекува ново познанство преку пријатели.

Јарец

Преговорите може да бидат тешки, но ќе успеете да ги презентирате вашите идеи и деловни предлози. Вашите деловни предлози ќе бидат прифатени, што ќе ви донесе долгорочен договор. Јарците во брак можат да поминат низ љубовна криза, но тоа е само фаза што ќе помине.

Водолија

Денес ќе имате голема промена на деловно поле. Не донесувајте избрзани одлуки. Слободните Водолии можат да се соочат со љубовни маки, бидејќи може да им се допаѓаат две личности во исто време. Само времето ќе го реши ова.

Риби

Веќе некое време се обидувате да ги решите проблемите на работа, но некои работи не зависат само од вас. Не потпирајте се на гласини, туку разговарајте директно со претпоставениот. Во љубовта ве очекува интересна авантура која ќе ве изненади. Рибите кои се во брак ги очекува важен разговор со партнерот.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран