Американскиот претседател Доналд Трамп изрази уверување дека наскоро ќе биде постигнат целосен прекин на огнот, што ќе стави крај на војната помеѓу Русија и Украина.
„Наскоро ќе имаме целосен прекин на огнот во конфликтот меѓу Русија и Украина“, изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба, пренесува Си-Ен-Ен.
„Договорот се преговара во моментов. Тој се однесува на поделбата на земјата и други аспекти, и се преговара додека зборуваме“, додаде Трамп. Тој истакна дека ќе остане упорен во настојувањето да се заврши војната, со цел да се запре насилството и да се заштедат средствата што САД ги вложиле во воената помош за Украина.
На прашањето дали САД ќе воведат санкции против Русија поради нејзините континуирани напади врз Украина, Трамп одговори: „Па, тие се борат меѓу себе“, пишува Си-Ен-Ен.