Вечерва, во 20:30 часот, пријавен е пожар на улица Партизански Пат во скопската населба Драчево, потврди директорот на Центарот за управување со кризи, Стoјанче Ангелов. Пожарот е брзо изгаснат од страна на Противпожарната бригада на Скопје.
„Преку Секторот за операции и координација веднаш е известена полициската станица во Драчево и БППЗ на Град Скопје. При увидот на лице место, полицијата утврдила дека се запалени стари дрвја, ѓубре и гуми во близина на гаража и механичарски салон, што предизвикало поголемо количество чад. Кога полицијата пристигнала, пожарот бил при крај, а БППЗ на Град Скопје имала мала интервенција за негово целосно гаснење“, информираше Ангелов.