39-годишен возач од скопското село Крушопек е уапсен денеска откако удрил 12-годишно девојче на булеварот „Партизански одреди“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Денеска (21.03.2025) полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.Х.(39) од с.Крушопек, скопско, затоа што околу 14:30 часот на бул. “Партизански одреди” во Скопје, наспроти пазарот Ѓорче Петров, управувајќи патничко возило “голф” со скопски регистарски таблички, удрил во 12-годишна малолетничка-пешак од Скопје“, велат од полицијата.
Девојчето било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ со возило на Итната медицинска помош, каде што лекарите му укажале помош и констатирале тешки телесни повреди.
На местото на несреќата извршен е увид од екипа на СВР Скопје, а возачот е уапсен. Против него ќе биде поднесена пријава по итна постапка, додаваат од МВР.