Денес, премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ја посети семејството и сопругата на Иле Гоцевски, возачот на Брзата помош кој со неопислива пожртвуваност цела ноќ помагал на повредените во трагедијата во Кочани.
„Во време кога тагата не престанува, неговиот подвиг потсетува дека храброста и човечноста живеат во нашите луѓе. Тоа се нашите херои!“ – напиша Мицкоски, изразувајќи почит и благодарност за примерот што го остави Иле.
Иле Гоцевски замина тивко, но зад себе остави пример што нема да биде заборавен. Премиерот Мицкоски истакна дека неговиот подвиг ќе живее во срцата на сите, како и во споменот на сите кои несебично им служат на граѓаните.
„Вечна ти слава, Иле!“ – заврши Мицкоски, со почит и поклон за сите хероите кои ги даваат своите животи за доброто на другите.