Уште шест млади лица кои во саботата биле во клубот во Кочани вчера се хоспитализирани на Токсикологија. Неколку дена по трагедијата почувствувале отежнато дишење и болки во градите од вдишаниот чад.
Министерот за здравство информираше дека нивната состојба е стабилна, но викендот ќе останат под лекарски надзор на Клиниката. Со последните приеми бројката на повредени во големата трагедија надмина 200, а 59 загинаа.
„Ова е победа која ја заслужија – фудбалерите, стручниот штаб и нашите навивачи, кои уште еднаш покажаа дека се најдобрите на светот. Благодарност до сите. Во овие тешки моменти, нашите мисли се со семејствата на настраданите во големата трагедија во која животот го загубија многу млади луѓе“, вели Омерагиќ, цитиран од ФФМ.
Тој најави дека приходот од влезниците за нашиот следен натпревар против Велс ќе биде дониран за повредените и семејствата на загинатите.
„Ова е време кога фудбалот покажува дека е повеќе од игра – фудбалот и репрезентацијата обединуваат и помагаат. Да продолжиме заедно, со срце и со верба за Македонија. Се гледаме во вторник на Националната арена“, додаде Омерагиќ.