Дамјан Танески го загуби животот во најголемата трагедија во поновата македонска историја.
Штипскиот голман на Брегалница загина само една недела пред својот роденден.
Роднини и пријатели денеска тагуваат на социјалните мрежи.
„Небото има се’, ние ништо. Небото слави, ние жалиме“, пишува во една од трогателните посвети.

Освен Танески, во дискотеката во Кочани животот го загубија уште четворица штипјани, баџанаците Александар Коларов и Филип Стевановски кои свиреа со ДНК, фотографот Александар Ефремов и младите Филип Ивановски и Дамјан Танески.