Израелските лекари извршиле 23 операции на настраданите од Кочани за еден ден, откриваат македонски здравствени работници кои биле дел од тимовите што работеле на спасувањето на жртвите од трагичната несреќа во дискотеката.
Лекарските тимови од странство кои пристигнале да помогнат во земјава биле одлично подготвени и успеале да спасат многу повредени, но според сведоштвата на колегите од други тимови, израелските лекари и медицински персонал се издвојуваат. Тие истакнуваат дека Израелците се исклучително искусни и професионални.
Во средата, израелскиот медицински тим извршил 23 тешки интервенции за само еден ден, давајќи им шанса за живот на 23 лица.
Израелците работеле во трите скопски болници заедно со македонскиот медицински персонал и тимови од Чешка и Србија, но според очевидци, Израелците се значително позадолжени во однос на искуството со вакви видови на повреди. Покрај тоа, тие донеле најсофистицирана опрема, лекови и покажале исклучителен ентузијазам за спасување на што поголем број животи.
Некои од израелските медицински екипи ја напуштиле земјата вчера наутро, но дел останале за да се подготват за втората фаза на третман на повредените, која е многу сложена и бара големо знаење и искуство.
Скромните Израелци се воодушевени од македонските колеги и брзата интервенција на македонските власти.