ПРВ.мк

Волонтери создадоа веб-страница за директни донации до семејствата на повредените во Кочани

Волонтери создадоа веб-страница за директни донации до семејствата на повредените во Кочани
VERO Banner

Група на волонтери ја креираа централизираната дигитална платформа supportkocani.com на која се поставени податоците за донирање средства директно до сите погодени од пожарот во импровизираната дискотека во Кочани.

На веб-страницата се достапни податоци за повредените, каде тие се лекуваат, нивната трансакциска сметка и банката на сметката. При донација, на веб-страницата се истакнува да се користи шифрата 562 која е уплата за донации. По донацијата, граѓаните се повикуваат да испратат принтскрин со името на лицето и износот преку Вибер на 078 301 041.

„Собраните средства за секое лице ќе бидат објавени, за помошта да оди таму каде што е најпотребна. Податоците за износот на донациите објавени за секоја сметка се само врз основа на информациите што ни биле испратени од донаторите. Ние не можеме да гарантираме дека прикажаните суми се 100% точни, бидејќи немаме целосен увид во сите уплати“, се објаснува на веб-страницата.

После апелите од страна на граѓаните кои сакаат да донираат да се промени концептот на страната со цел оние со најмалку донации да се појавуваат во најгорниот дел од веб-страницата, волонтерите ги воведоа промените со што сега на врвот на веб-страницата се прикажани податоци за повредените со најмалку донации.

Посетете ја веб-страницата преку следниот линк: https://supportkocani.com/

Како да донирате? 

При донацијата, користете ја шифрата 562 која е за уплати за донации. По донацијата, испратете screenshot со името на лицето и износот на Viber: 078 301 041ВАЖНО: Бројот е само за испраќање на screenshot – на него не може да се донира!

Донации од странство 

Во моментов, донации од странство се возможни само за лица со достапен IBAN и SWIFT код.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран