Додека македонските државни и медицински власти се бореа да најдат решение за потребното лекување на повредените млади луѓе во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани и да им обезбедат навремено и соодветно лекување во болници и клинички центри надвор од Македонија, еден велешанец, исто така, неуморно споделуваше статуси на својот ФБ профил и правеше обиди да помогне во обезбедувањето на помош во сместување, транспорт и се што им е потребно на семејствата за да бидат со и покрај своите деца таму каде што државата ги транспортираше.
Панче Ќумбев, македонската фудбалска легенда, велешанецот кој фудбалската кариера ја започна во својот роден град а ја продолжи во клубови во државата и надвор од неа, за шест дена сподели статуси на личниот профил во кој објави дека комлетна помош веќе понудија негови пријатели, актуелни или поранешни фудбалери како што се Емир Ракович во Љубљана и Виктор Треневски во Марибор, во Словенија, Јовица Јаневски кој живее во близина на Малме, Небојша Младенович во Стокхолм, и Диме Лефков во Стокхолм во Шведска, потоа Лазе Донев во Инсбург и Иле Стојанов во Салзбург во Австрија, Влатко Стефановски во Варагем и Јованче Крстевски во Брисел, во Белгија како и поранешниот македонски репрезентативец Милан Стојановски кои живее во Белград, Србија.
Дума.мк разговараше со Ќумбев на кого потребна помош за семејствата на тешко повредените во пожарот во дискотеката во Кочани му понудија и други негови пријатели низ Европа и светот. Ќумбев го прашавме на што се должи понудената помош од страна на неговите пријатели за македонските повредени деца и нивните семејства и дали емпатијата која ја покажа овие луѓе можеме да ја разбереме како „враќање на вистинските човечки вредности“ меѓу кои секако приоритетна е „ да му се помогне на секој човек во невоља“. Еве што Ќумбев ни одговори во разговорот.
Во овие моменти на колективна македонска тага се што е потребно само да го заследите личниот профил на Kumbev Panche (Kumbev) сите вие почитувани семејства од Кочани и доколку ви е потребна помош само да му пишете. Ако оваа информација ја прочитаат роднини или пријатели на повредените млади луѓе кои се лекуваат во клиники и болници во соседството или низ европските држави тогаш пренесете ја на нивните родители кои сеуште не нашле каде да се сместат за да бидат покрај своите најмили. Ќумбев порачува дека ќе се обиде да му помогне на секој од нив бидејќи има добри луѓе со кој контактира и му понудиле да помогнат во невоља.