ПРВ.мк

Фудбалерите ќе играат со црни дресови како знак на почит кон починатите во Кочани

Фудбалерите ќе играат со црни дресови како знак на почит кон починатите во Кочани
VERO Banner

Македонската фудбалска репрезентација овој викенд ќе ги започне квалификациите за Светското првенство 2026 година, а првиот предизвик ќе го има против селекцијата на Лихтенштајн, која на хартија важи за аутсајдер.

Нашите репрезентативци заедно со стручниот штаб веќе пристигнаа во Вадуц, каде ќе се одигра воведниот натпревар. Сепак, подготовките и атмосферата во тимот се далеку од вообичаената натпреварувачка еуфорија. Целокупната делегација е под силно влијание на трагедијата што ја потресе Македонија, по катастрофалниот пожар во дискотеката во Кочани, кој однесе 59 човечки животи и остави десетици повредени.

Во знак на почит и солидарност кон настраданите и нивните семејства, македонските фудбалери одлучија овој меч да го одиграат во црни дресови.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран