Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски на денешната прес-конференција во Кочани за првпат со јавноста ја сподели информацијата дека во дискотеката имало 650 посетители.
„Обезбедувачите овозможиле влез на 650 посетители, меѓу кои имало најмалку 31 дете. Едно лице продавало билети, без да води сметка за возраста, овозможиле влез и присуство на малолетници на настанот. Членовите на обезбедувањето, не спречиле во угостителскиот објект да се внесат експлозивни материи, иако за тоа немале задолжителна дозвола, за да ракуваат со пиротехниката, ниту пак, пиротехниката тоа го дозволувала“, рече Коцевски.