„Во * Македонија може да се случи голем судир околу нејзината насоченост, ако не се изградат консензуални ставови во врска со тоа. Во земјата живеат повеќе од 30 отсто Албанци, кои се насочени кон евроатлантските вредности.“ – вели со заканувачки тон д-р Ружди Матоши од Тетово, предавач по економија во Универзитетот за бизнис и технологија во Приштина, Косово, во објавата на својот фејсбук-профил, која ја пренесуваинформативната агенција Илирија-ИНА, како и други медиуми на албански јазик во Република Македонија. Матоши е политичар, поранешен висок функционер во Нова демократија на Имер Селмани и во ДПА на Мендух Тачи, како и поранешен пратеник во Собранието на Македонија.
На општествената мрежа Матоши пишува: Хрватска, Албанија и Косово постигнаа меѓусебен договор за соработка меѓу трите држави во одбраната и безбедноста. Тоа беше поддржано од многу чинители, вклучително и од НАТО, но наиде на крајно спротивставување од Србија.
Каде се наоѓа * Македонија во овој поглед? Зошто нема интерес, или пристап за учество во ваков договор, особено што е и членка на НАТО?! Можеби ја обзедоа „Српскиот свет“ на Вулин и Вучиќ со руската салата? Неодамнешното присуство на Додик во * Македонија и владини претставници од земјата на фотографии со српски функционери како Додик ја докажуваат руската салата!
Во * Македонија живеат повеќе од 30 отсто Албанци, кои се насочени кон евроатлантските вредности. Ако не се изградат консензуални ставови во врска со насоченоста на земјата, тогаш може да се случи голем судир околу нејзината насоченост.