„Блискоста со Соединетите Американски Држави оди во прилог на засилувањето на врските со стратегиското партнерство со нив, но овој однос не подразбира заладување на односите со Европската Унија, организација кон која се стремиме.“ – изјави за Албанската редакција на Македонската телевизија поранешниот амбасадор Мухамед Халили. Според него, факт за ова се изјавите на премиерот Мицкоски за постојана поддршка на надворешната политика на Европската унија. Ова го пренесе информативната агенција на албански јазик „Журнал“.
Агенцијата дополнува: „Не е направено нешто специфично за напуштање на односите со ЕУ, за создавање блиски односи со САД на сметка на односите со ЕУ.“ – изјави Халили