Американските власти постојано вршат проверка на носителите на визи, дури и по нивното издавање, со цел да утврдат дали ги почитуваат сите закони и правила на САД. Доколку се утврди дека некој го прекршува законот, неговата виза може да биде укината, а тој депортиран, соопштуваат американските власти.
„Скринингот не завршува со издавањето на визата. Ние постојано ги проверуваме носителите на виза за да се осигураме дека ги следат сите американски закони и правила. Доколку утврдиме дека некој не ги почитува, ќе му ја укинеме визата и ќе го депортираме“, се наведува во соопштението.
Овој процес е дел од строгите безбедносни мерки што ги спроведуваат американските институции, со цел да се заштитат граѓаните и да се спречат злоупотреби на визниот систем.