Вчера ограбена обложувалница во скопски Бутел.
– На 31.03.2025 околу 21.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачјето на населба Бутел во Скопје, едно лице со закана кон вработениот одзело пари од дневниот промет и од сефот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од полицијата.