ПРВ.мк

Научниците на дното на Средоземното море открија застрашувачки докази: Ова е катастрофа за целиот свет

Научниците на дното на Средоземното море открија застрашувачки докази: Ова е катастрофа за целиот свет
Jumbo Banner

Научниците од Универзитетот во Барселона неодамна изнеле загрижувачки детали по истражувањата спроведени во Средоземно Море, на длабочина од 5,14 километри под површината на водата.

Подморница со човечка посада се нурнала до најдлабоката точка (позната како Calypso Deep), југозападно од брегот на Грција, и направени се снимки кои потоа биле проучувани.

Сликата е тажна според извештајот, на самото дно биле забележани 167 предмети (најмногу од метал, пластика и стакло), а извлечен е заклучок дека ова е една од најголемите забележани концентрации на отпад на големи длабочини во морето.

Професорот Микел Каналс нагласил дека меѓу пронајдените предмети биле и полни вреќи со отпад, што е доказ дека тие биле исфрлени од чамци.

ELS

Сликата е тажна, но и алармантна, бидејќи фрлањето отпад во морето може да има негативен ефект на локалниот екосистем, пишува Универзитетот во Барселона.

Опасност за подводниот свет

Научниците предупредуваат дека морските животни можат да проголтаат пластичен отпад. Покрај тоа, одредени видови отпад можат да ослободат токсини и да имаат негативен ефект на здравјето на подводниот свет.

“За жал, кога станува збор за Средоземно Море, не би било погрешно да се каже дека ‘ниту еден дел не е чист’,” додал професор Каналс.

Поради големата длабочина и делумно недостапниот терен, акциите за чистење се речиси невозможни, па постои стравување дека отпадот може да остане на дното со децении, продолжувајќи да нанесува штета на екосистемот.

Не е изолирана ситуација

Дека ова не е единствен случај покажува откритие на експедицијата предводена од океанографката Даун Рајт, половина од 2022 година.

Таа објавила фотографија од најдлабоката точка во светот (Маријански ров), лоцирана во Тихиот Океан, и предизвикала вистинска дебата.

“Дали ова прв пат го гледаме на длабочина од 10.900 метри?!”, напишала таа.

Погледнете го видеото:

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран