ПРВ.мк

ЗАУПОКОЕНА ЛИТУРГИЈА ЗА ЗАГИНАТИТЕ И МОЛИТВА ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ ВО НАЦИОНАЛНАТА ТРАГЕДИЈА ВО КОЧАНИ НА 30 МАРТ ВО ЕПИНГ

ЗАУПОКОЕНА ЛИТУРГИЈА ЗА ЗАГИНАТИТЕ И МОЛИТВА ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ ВО НАЦИОНАЛНАТА ТРАГЕДИЈА ВО КОЧАНИ НА 30 МАРТ ВО ЕПИНГ
Jumbo Banner

30 март 2025 година, Мелбурн, Австралија – Денес, во организација на Федерацијата на македонските културно-уметнички друштва во Мелбурн и Викторија, а во соработка со Федерацијата на македонските пензионерски друштва во Мелбурн, се одржa комеморација за загинатите и молитва за најбрзо заздравување на повредените во националната трагедија во Кочани на 16 март годинава.

Комеморацијата и молитвата се одржаa пред споменикот на великанот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев, во дворот на Македонската православна црковна општина “Свети Ѓорѓи и Пресвета Богородица“ во Епинг. Заупокоената литургија ја одржаа монахот Гаврил и парохиски свештеници.

На заупокоената литургија присуствуваа голем број Македонци и гости од австралиското општество.

За националната трагедија во Македонија со емотивен говор пред присутните се обрати претседателот на Федерацијата на македонските културно-уметнички друштва во Мелбурн и Викторија, Џорџ Ламбевски.

Солидарност со присутните за националната трагедија во Кочани, во своите обраќања искажаа федералните пратеници – Ендрју Џајлс и Гед Керни, советникот во општина Витлеси – Стив Козмевски, советникот во општина Деаборн – Кони Боглис, и пратеничката во парламентот на Викторија – Лили Д’Амбросио министер за енергија и ресурси на Викторија.

После пригодните обраќања, делегации на гостите и повеќе здруженија положија цвеќе пред Споменикот на великанот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев, за помен и вечен спомен на трагично загинатите во пожарот во Кочани на 16 март годинава.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран