ПРВ.мк

Русија го одби предлогот на американскиот претседател: Путин постави нови услови

Русија го одби предлогот на американскиот претседател: Путин постави нови услови
Jumbo Banner

Русија вели дека сериозно ги разгледува предлозите на САД за завршување на војната во Украина, но дека „не може да го прифати“ сегашниот мировен договор на претседателот Доналд Трамп и постави нов сет барања.

Заменикот министер за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва сака САД да ги земат во предвид она што ги смета за основните причини на конфликтот.

„Ние сериозно ги разгледуваме моделите и решенијата што ги предложија Американците, но не можеме да ги прифатиме сите во сегашната форма“, изјави Рјабков за списанието „Интернешнл аферс“.

„Колку што гледаме, денес во нив нема место за нашето главно барање, а тоа е да се решат проблемите во врска со основните причини на овој конфликт“, рече тој. „Тоа целосно недостасува и мора да се надмине“, додаде Рјабков.

ELS

Трамп, во неделата, го „критикуваше“ рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, изразувајќи фрустрација поради продолжувањето на борбите во војната, која што ја најави како нешто што ќе заврши брзо.

Трамп инсистираше на тоа дека има напредок во преговорите, но рече дека ќе разгледа воведување дополнителни санкции за да изврши притисокот врз Москва.

Тој исто така го обвини Зеленски дека се обидува да се откаже од договорот со САД за пристап до украинските минерални ресурси.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран