Украинскиот претседател Володимир Зеленски пријавил дека минатата година тој и неговото семејство оствариле приход во износ од околу 380.000 евра (15,2 милиони гривни), соопшти прес-службата на кабинетот на Зеленски.
Во соопштението се наведува дека приходите на Зеленски и неговото семејство минатата година благо се зголемиле. Се прецизира дека отплатата на обврзниците на домашниот државен заем на семејството Зеленски му донела околу 212.000 евра (8,5 милиони гривни), а семејниот приход се состоел од претседателската плата на Зеленски, банкарските камати и приходите од продажба на сопствен недвижен имот, кои донеле приход од околу 167.000 гривни.
Се нагласува дека зголемувањето на приходите на семејството на претседателот на Украина во однос на 2023 година се должи на обновувањето на целосниот износ на закупнината на недвижен имот.