Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Мјанмар, соопшти денеска Германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ).
Земјотресот бил со фокусна длабочина од 10 километри.
Засега нема информации за жртви или сериозна материјална штета.
Властите го предупредуваат населението на последователни потреси.
Силниот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала, според последните податоци, денеска го потресе Мјанмар и беше почувствуван дури до Бангкок и соседните земји.