ПРВ.мк

Вкупниот број на осомничени за пожарот во Кочани досега е 34 лица

Вкупниот број на осомничени за пожарот во Кочани досега е 34 лица
Jumbo Banner

Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, изјави дека со завршувањето на истрагата ќе бидат разјаснети сите околности и факти за причината за пожарот, кој го предизвикал, како и за начинот и пиротехничкото средство кое било користено. Коцевски ова го изјави на денешната прес-конференција, на која објави дека е отворена истражна постапка против 27 физички и три правни лица во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Со ова, бројот на осомничени за трагичниот пожар, во кој загинаа 59 лица, меѓу кои шест деца, достигна 34 физички лица. Претходно, ОЈО отвори истражна постапка и против седум полициски службеници од СВР Штип и ПСОН Кочани.

Лицата се сомничат за кривично дело за кое е предвидена казна од најмалку три години, со можност за казна до 20 години затвор. Коцевски нагласи дека ова е само почеток на истрагата, која ќе биде опсежна и во текот на која ќе се приберат бројни докази и ќе се преземат други истражни дејствија. Тој апелираше до јавноста да остане воздржана и смирена за да им се даде простор на истражните органи да ја завршат истрагата на квалитетен начин.

На прашањето дали е потврдена продажба на наркотични супстанци во објектот, Коцевски одговори дека не може да даде детали во овој момент. Во врска со давањето и примањето на поткуп, тој истакна дека тоа ќе биде дел од истражната постапка.

Коцевски додаде дека засега нема соработник на правдата, но повика граѓаните кои имаат докази или биле сведоци на настанот да пријават до Јавното обвинителство. ОЈО Кочани, исто така, донесе наредба за спроведување истражна постапка против 27 физички и три правни лица, за кои постојат основи на сомнение дека како соизвршители сториле тешки дела против општата сигурност. Сите осомничени лица се обезбедени, а за нив се бара притвор, со исклучок на три лица кои се хоспитализирани.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран